Калинката го забавува стареењето

од Vladimir Zorba

Швајцарски научници открија дека состојките коишто ги има во калинките не штитат од стареење, соопштува Ројтерс. Чудесните ефект се должат на елагитанинот којшто го има во калинките.
Специјалисти од Федералното политехничкиот училиште во Лозана веќе работат со биотехнолошка компанија, за да создадат додаток во исхраната кој ќе ја зголемува мускулната сила и издржливост во процесот на стареење. Резултатите од првите клинички тестирања со луѓе се очекуваат следната година.

“Ние веруваме дека нашите истражувања за својствата од уролитинот А и начинот на неговата примена во исхранта ќе се многу корисни за организмот и ќе придонеста за поуспешно спротиставување на прозесот на стареењето на мускулите”, изјави Патрик Ебишер од Федералното политехничкиот училиште. „Тоа е сосема природна супстанција и неговиот ефект е многу моќен”.

Слични содржини