Ако Иванов донел таква општа одлука за помилување, а не поединечни акти адресирани точно по име, презиме и за одредени кривични дела, тој постапил надвор од своите овластувања и извршил државен удар, смета академик Владо Камбовски, во изјавата за порталот „СДК“.

vlado-kambovski

„Ваква општа одлука од претседателот на државата за аболирање на осомничени и на обвинети не може да натера ниту ден обвинител и ниту еден суд да запре кривична постапка. Претседателот дава аболиција не со општ акт, туку со поединечни решенија. Се надевам Ѓорге Иванов направи грешка во говорот“, реагира академик Камбовски за „СДК“.

Камбовски објаснува дека помилување и амнестија се вршат со носење акт. Со општ акт амнестија дава Собранието на Македонија. Претседателот аболира, но не со општ акт, туку со решение, вели тој. Во секое решение треба да пишува за кого се носи, тоа треба да биде со име и со презиме на лицето што се аболира, во него треба да биде наведено за кои кривични дела се аболира и да стои што да се направи понатаму со постапката за тоа лице. Тоа го бара законот, вели Камбовски, а сите други начини што ги одбира претседателот за да запира кривични постапки против осомничени и обвинети лица, е надвор од законот.

 

META

Слични содржини