„Сведоците на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) што останаа во милост на претседателот Ѓорге Иванов имаат обрска пред законот да сведочат и смеат да бидат сослушувани во предметите што ги води тимот на Катица Јанева, изјавил академикот Владо Камбовски за порталот сакамдажам.мк. 

tn1_20160530_145138_vlado-kambovski

„Специјалното обвинителство итно и без одлагање треба да продолжи да ги повикува аболираните сведоци, ако ги има меѓу тие 34 што останаа од списокот на 56 помилувани на 12 април,вели Камбовски.

И покрај селективната аболиција што на 27 мај ја направи шефот на државата, Камбовски објаснува дека и според Уставот и Законот за кривична постапка, овие лица, иако останаа аболирани, се должни да се одзват на поканите од Специјалното обвинителство. Не се знае колкумина од тие 34 лица што останаа помилувани од претседателот се сведоци на СЈО. Аболицијата на 12 април беше најавена како помилување на политичари и нивни соработници кои што се осомничени од СЈО, или под истрага за криминал кој може да произлезе од прислушуваните разговори.

По смртта на скопјанецот Коста Крпач, кој исто така беше на списокот на помилувани, излезе дека тој не бил ниту под истрага, ниту пак осомничен, туку бил сведок во еден од предметите на Специјалното обинителство.

„Специјалното обвинителство треба да отвори нови постапки, за други кривични дела, и да продолжи да ги повикува аболираните сведоци на сослушување, во тие нови постапки. Повикан сведок во кривична постапка, не само што мора да се отповика на поканата на Специјалното обвинителство, туку мора и да сведочи и тоа под заклетва. Значи, сведокот е должен да ја зборува вистината. Нема право на бранител, нема право да молчи. Законот му дава право да се брани со молчење и право на бранител само на осомниченото или на обвинетото лице“, објаснува експретседателот на МАНУ Владо Камбовски.

На прашање на сакамдакажам.мк што ако Иванов пак ги помилува и во новите постапки што ќе ги отвори СЈО веќе аболираните сведоци, академик Камбовски вели: “Ако проба да ги аболира повторно овие сведоци, тогаш јасно е дека за тоа нема веќе државна, безбедносна причина, како што тврдеше, туку со аболицијата на која се потпишува, тој врши систематска одбрана на криминалот во власта во Република Македонија“.

Слични содржини