Камера во големина на зрно сол, е новата иновација на германски истражувачи при Универзитетот на Штутгарт. Камерата е толку мала, што може да биде ставена во шпринц и да се вбризга во човекот.

57715723340a6

3Д-испринтаната камера заедно со куќиштето, има ширина од само 0,12 милиметри. Камерата може да фокусира на дистанца од 3 милиметри, што според овие научници е одличен начин на истражување и фотографирање на внатрешните човечки органи, што досега не сме можеле да ги видиме, вклучувајќи го и мозокот.

Исто така, камерата може да се користи за надгледување и да биде интегрирана во дронови, светлосни системи, дури и роботи, пишува The Verge.

Слични содржини