Британската влада се труди да осигура граѓаните на ЕУ да можат да останат во Британија откако земјата изгласа да излезе од европскиот блок, но тоа ќе зависи од реципрочните права за Британците во Европа, рече денеска британскиот премиер во заминување, Дејвид Камерон.

576ce177c3618834398b4592

Тој во своето последно обраќање пред парламентот рече дека „апсолутно не постои шанса“ да се поништат резидентните права на граѓаните на ЕУ и тие да бидат депортирани откако Британија ќе го напушти блокот.

– Работиме напорно да го направиме тоа што го сакаме, а тоа е да им гарантираме на граѓаните на ЕУ дека се почитуваат нивните права, правата на сите што дошле во оваа земја – рече Камерон.

Тој додаде дека е важно да има реципроцитет за британските граѓани во Европа.

Во текот на денот, премиерската функција од Камерон ќе ја преземе досегашната минитерка за внатрешни работи Тереза Меј.
Камерон, кој се залагаше за останување во ЕУ, најави дека се повлекува по референдумот на кој Британците се одлучија за напуштање на Европската Унија./Мета

Слични содржини