Интегритетот на Обединетото Кралство е есенцијална, рече британскиот премиер

kamer

Велика Британија се соочува со тешки економски времиња, предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон во говорот пред парламентот. Минатата недела 52% од гласачите на референдумот за иднината на односите меѓу Лондон и ЕУ се изјаснија за напуштање на Унијата. Камерон кој ја бранеше тезата дека неговата земја треба да остане во ЕУ, објави дека за три месеци ќе се повлече од премиерската функција . Според зборовите на Камерон Британија треба да воспостави најмногу тесни односи со ЕУ во областа на трговијата. Покрај тоа, владата треба да ги увери бизнисменоите  дека конјуктуро е да нема ништо да се промени, додека Велика Британија не ја напушти ЕУ. Интегритетот на Обединетото Кралство е есенцијална, рече британскиот премиер, пренесува Ројтерс. Прашањето се однесува најмногу до судбината на Шкотска, каде пред две години беше одржан референдум за отцепување од Велика Британија. Тогаш мнозинството Шкоти побараа да останат дел од Обединетото Кралство. На сегашниот референдум за односите со ЕУ, сепак голем дел од Шкотите избраа да останат во ЕУ, наспроти гласовите за отцепувањето Обединетото Кралство при зачувување на членството во ЕУ стануваше  посилно. Денес таа намера – Шкотска да остане дел од ЕУ, независно од референдумот за т. н. Брекзит, ја потврди во Брисел и првиот министер на Шкотска Никола Стрџен.

Слични содржини