Утре ќе одржи последната седница на министрите, а во среда ќе одам во Бакингемската палата за да го поднесам барањето, рече тој.

1468250852-izteglen-fayl-1

 

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон изјави дека ќе ја напушти функцијата на 13 јули. Неговото место ќе го заземе министерот за внатрешни работи Тереза ​​Меј.

“Утре ќе се одржи последната седница на министрите, во среда ќе одговарам на прашања во Долниот дом, а потоа ќе одам во Бакингемската палата за да поднесам барање за оставка – и ќе имаме нов министер-предсдател”, рече Камерон, цитира ТАСС.

Претходно денеска британскиот заменик-министер за енергетика Андреа Лијдсм објави дека излегува од борбата за претседател на Конзервативната партија и иден премиер. Тоа значи дека Тереза ​​Меј е единствен кандидат кој ќе ја предводи партијата и ќе стане премиер на Велика Британија.

Слични содржини