Денес новата Маргарет Тачер ја презема премиерската функција во Велика Британија

Од денеска  Британија ќе има нов премиер. Се очекува подоцна во текот на денот Тереза ​​Меј официјално да ја преземе функцијата, откако Дејвид Камерон поднесе оставка поради резултатот од Brexit.

Иако таа беше меѓу противниците на излегувањето од ЕУ, земјата оди кон сигурен “развод” со Унијата. 59-годишната Меј стана единствен кандидат откако последниот нејзините партиски конкурент за функцијата меѓу конзервативците објави дека се откажува.

Таа беше категорична дека не може да се мисли за втор референдум, бидејќи Британците јасно покажаа каква е нивната волја  Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера претседаваше со последната седница на неговиот кабинет. Во исто време почна преселбата на неговите работи од Даунинг стрит број 10 во Лондон каде што треба да се всели новиот премиер Тереза Меј. Камерон изјави дека денеска ќе се повлече од функцијата откако загуби на референдумот агитирајќи за останување на Британија во Европската унија. Меј на 11 јули беше избрана на нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и премиер на Британија.

Слични содржини