Камион кој користи водород за погон – направи вистинска револуција

од Vladimir Zorba

Американската компанија Nikola Motors на церемонија во Солк Лејк Сити го претстави првиот сериски револуционерен камион Nikola One. Компанијата од Мичиген досега не се занимавала воопшто со автомобилскаата индустрија.

1480962896-image-5916516-126
Камионот Nikola One има моќност од 1.000 КС и вртежен момент од 2711 Nm. Трите оски се вртат со помош на електромотори. Погонот на агрегатот на камионот се остварува со помош на електрична енергија што се собира во батерии по хемиска реакција меѓу кислород и водород. Струјата за 320 киловатчасовиион акумулатор Nikola One ја генерира сам.

1480962896-image-5916518-128

Зад кабината е монтирана гасната турбина за генераторот што работи на природен гас. One е на 6 гуми и ќе има “прва во индустријата независна суспензија”. Nikola One забрзува од 0 до 100 km / h за 30 секунди. Во зависност од товарот Nikola One може да помине помеѓу 1250 и 1950 километри со едно полнење на водород. А ако горивото заврши, батеријата е доволена за уште 160 километри итни километри. Така Nikola One ќе може да направи испорака од Сан Франциско до Канада без потреба од надополнување.

1480962896-image-5916519-128

Потрошувачката е еквивалентен на околу 15 литри бензин на 100 километри. Тоа е многу помалку од повеќето современи големи камиони во САД, кои горат повеќе гориво за 35-45 отсто. Притоа One е со 900 кг полесен од аналогнии со мотор со внатрешно согорување, како неговата тежина се движи од 8,1 до 9,5 тони. За време на премиерата на моделот од компанијата открија дека ќе предложат и негова поголема достапна верзија – Nikola Two. Таа ќе се одликува и со минијатура кабина во која нема да има места за спиење. Nikola Motors ветува да постигне нулта емисија за камиони, а целиот потребен водород ќе се произведува од мрежа од фотосоларни централи. Нејзината изградба ќе почне кон крајот на следната година.

1480962896-image-5916516-126-1

Првично компанијата ќе изгради 56 полначи станици за водород, а во текот на времето ќе се зголеми нивниот број до над 400. Тоа ќе е доволно да се покрие целата територија на САД. Американската компанија се пофали дека добила повеќе од 7000 претходни барања за купување на хибридниот камион One, кога се уште постоеше само на база цртежи и скици.

1480962896-image-5916517-128

Собраниот износ од мераклиите да го имаат влечното возило на иднината изнесува над 2,3 милијарди долари. Секој која сака да го има треба да даде депозит за распоред на документите за купување на моделот Nikola One ,а тоа се издатоци од 1.500 долари. Цената на камионот е 375 000 долари. Nikola Motor ќе предложи со лизинг шемата која предвидува месечно плаќање на износи помеѓу 5.000 и 7.000 долари. Нејзината должина на плаќање ќе биде 72 месеци (6 години) без ограничувања во досегот, а сопственикот на камионот ќе може да го наплаќа целосно бесплатно.

1480962896-image-5916520-128

По истекот на овој рок или при постигнување на километража од 1 милион милји машината ќе може да биде откупен назад од компанијата и соодветно заменета со нова. Првите примероци ќе бидат доставени на клиентите по три години. Nikola се уште нема своја фабрика, затоа првите неколку илјади камионот ќе биде произведен во партнерство со Fitzgerald. Сериското производство на водородни камиони во нова фабрика на компанијата ќе започне следната година. Во претпријатието ќе бидат инвестирани 1 милијарда долари.

Слични содржини