Камионџиите во Србија ќе плаќаат патарини и на магистрални патишта

од desk2

 

Доколку заживее идејата на „Патишта Србија“ може да почне наплата на патарина и за возење по српските магистрали, пишува Б92.

Додуша, само за камионжиите и тоа оние, „тешките3 од 12 тони.

Оваа стратегија се наведува во Долгорочинот и среднорочниот план за работа на ова претпријатие во следната деценија, до 2027 година. Воведувањето на патарини на патишта од прва Б категорија, треба да ги одобри надлежното министерство.

Со оваа мерка се надеваат дека тешките камиони ќе ги натераат да возат по автопат. Планот предвивува прво да се почне со тешките камиони, а потоа да се наплаќа и на оние од 3.5 тони.

Динамиката на изградба на наплатни станици зависи од изградбата на нови патишта. Оваа година треба да се отворат 22 нови, од кои 12 од Ниш до границата со Македонија, шест од Ниш до бугарска граница и четири на потегот од Обреновац до Пожега.

Слични содржини