Камповите за мигранти треба да се постават во северна Африка

од Vladimir Zorba

 

Во северна Африка треба да се постават кампови за сместување мигранти, изјави вчера министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, во разговор со германскиот колега, Зигмар Габриел, кој таа идеја ја отфрли како нереална.

Курц наведе дека договорот меѓу Европската Унија и Турција за намалување на  приливот мигранти во Европа беше релативно успешен и повтори дека треба да се отворат масовни центри за мигранти во земјите како Либија и Судан, пренесоа американските медиуми.

Шефот на германската дипломатија Зогмар Габриел рече дека хаосот и анархијата што постојат во Либија ја оневозможуваат оваа идеја.

Слични содржини