Канада бара инвестициски партнери во турскиот туристички град Анталија

од Vladimir Zorba

Гувернерот на Анталија Мунира Каралоглу остварил средба со канадскиот амбасадор, пишува весникот Дејли Сабах. За време на средбата амбасадорот истакнал дека Канада бара деловни партнери во Анталија, бидејќи неговата земја сака да ги подобри бизнис врските во регионот.

“Анталија е историски град. Нашиот најважен сектор е туризмот. Канаѓаните ретко доаѓаат во Анталија. Тие бараат сонце тука. Ние сакаме да прифатиме повеќе Канаѓани “, коментира гувернерот.

“Нашата туристичка инфраструктура и услугите кои им ги нудиме на нашите гости се многу добри. Ние го прифаќаме амбасадорот како доброволец за Анталија. Тој ќе помогне во промовирањето на градот во Канада “, додаде Каралогклу.

Слични содржини