Канада ќе преземе оваа година 1.200 бегалци јазиди, прогонува во Ирак од Исламска држава, изјави министерот за имиграцијата, Ахмед Хусен. 

Четиристотини јазиди бегалци веќе пристигнале на канадска територија.

Оваа иницијатива следува по усвоената одлука есента минатата година во Парламентот, со која се предвидува прием на јазиди, кои бегаат од ИД во северен Ирак, што според Отава претставува геноцид.

Вниманието на канадските власти е пред се насочено кон жените и девојчињата јазиди, појасни министерот.

– Но нашите напори покажаа дека ИД ги заробува и момчињата, поради што ние ќе им помогнеме на сите деца, кои се спасиле од ИД, рече министерот.

Бегалците јазиди ќе пристигнат со цивилни авиони со регуларните летови. Иницијативата канадските власти ќе ги чини 28 милиони канадски долари (20 милиони американски долари).

Од доаѓањето на власт на премиерот Џастин Трудо во ноември 2015 година Канада прими над 40 илјади сириски бегалц

Слични содржини