Канадскиот бруто домашен производ падна во вториот квартал годинава за 0,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Со тоа канадската економија официјално влезе во рецесија. Помалиот раст на канадската економија во голема мера е резултат на ниската цена на нафтата поради која нафтените компании ги намалија инвестициите.

berza

Ова претсавува прв пад на економијата на Канада после глобалната финансиска криза во 2008 година. Но тогаш причина за падот на економијата беше стрмоглавувањето на пазарот на недвижнини.

Дел од аналитичарите веруваат дека рецесијата во Канада ќе биде со краток здив и дека уште во наредното тримесечиет економијата ќе оствари раст. Но, други аналитичари предупредуваат дека рецесијата во Канада би можела негативно да влијае на нов остар пад на цените на нафтата и на другите суровини во август. Тоа е многу возможно ако се знае дека Канада е еден од главните извозници на нафта и на железна руда.

Слични содржини