Канадски остров понуди да ги прифати Американците кои се противници на Доналд Трамп, ако тој биде избран за претседател на САД.

briarisland_capebreton_canon-1105

Интернет сајт направен од канадски радио водител, ги поттикнува Американците да се сместат на островот Кејп Бретон, во провинцијата Нова Шкотска, ако Трамп победи на изборите.
“Не чекајте Доналд Трамп да стане претседател, за да најдете друго место за живеење”, повикува сајтот. “Започнете од денес и на денот на изборот, само ќе треба да се качите на автобусот, за да започнете нов живот тука, каде што жените можат да прават абортуси, а муслиманите да шетаат мирно. Ние не правиме разлика меѓу луѓето поради нивните политички ставови . Секој е добредојден “, рече шефицата на туристичката канцеларија на островот.

“Дури и самиот Трамп може да побара да дојде”, додаде таа. Интересно е дека сајтот, веќе има собрано над 300 000 посети, како има и 5.000 барања за поконкретни информации од страна на Американците за имиграциските закони на Канада.

Слични содржини