Канадските научници го објаснија феноменот “Бели ноќи”

од desk3

 

Научниците од Јорк Универзитетот во Канада најдоа објаснување за еден вид  на белите ноќи, кое настанува на ниски георафски ширини.   За време на овој феномен небото останува доволно светло за да можат луѓето да препознаат дури далечни објекти. Белите ноќи се карактеристични за умерените и северните широчини до почетокот на летната долгоденица и по него. Притоа темниот дел од деноноќието е полумрак.

Понекогаш феноменот е забележан на југ и досега тоа беше мистерија за научниците.   Научници кои ги истражуваат податоците од метеоролошки сателити,  укажуваат дека феноменот се должи на временските бранови, кои се приближуваат едни до други на одредени места. Ова ја засилува слабата светлина, расфрлана во воздушната обвивка на Земјата, а зеленкаста светлина, се емитувана од атомите од  кислород кои ја апсорбираат соларната енергија. Како резултат на тоа природната ноќна светлина станува околу 10 пати посилна од вообичаено.   Во април метеоролозите регистрираа уште еден необичен феномен кој се јавува како последица на силни  соларни ракети. Во ваква атмосферата се формираат цели облаци јони кои можат да доведат до нарушување на радио комуникацјиата.

 

 

Слични содржини