Телевизиите Канал 5, Сител, Алфа, МРТВ и весникот „Дневник“ побараа средба со амбасадорите кои учествуваат во преговарачкиот процес откако денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев ги нарече овие медиуми најголеми политички противници. Уредниците на овие медиуми побараа исто така да прекинат преговорите за Законот за медиуми се додека раководството на СДСМ ја извршува оваа функција.

медиуми-инфомакс-2xzx6orj7i1nscxt6ak9og

– Згрозени од денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ги нарече нашите медиуми најголеми политички противници бараме итна средба на која што ќе ги изнесеме нашите ставови во врска со грубиот напад и навреда која што доаѓа од политичка партија која во претходните изјави на нејзини високи претставници се залага за деполитизација и европеизација на медиумскиот простор. Воедно бараме императивно да прекинат преговорите за Законот за медиуми се додека актуелната владејачка гарнитура во редовите на СДСМ ја врши оваа функција“

Во дописот што беше испратен до медиумите во кој што се пренесува барањето на уредниците се потпишани главните и одговорни уредници на телевизиите Канал 5, Лидија Богатинова, на Сител  Драган Павловиќ и на Алфа Коле Чашуле, на весникот „Дневник“ Дарко Јаневски и уредникот на првиот програмски сервис на МРТВ Диме Ратајковски.

Слични содржини