Кандидатите за градоначалници утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

од Vladimir Zorba

Кандидатите за градоначалници во сите општини во Република Македонија и град Скопје утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избор, соопшти Државната изборна комисија.

Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори.

Со овој Кодекс учесниците во Локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.

Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.
Церемониите на потпишување на Кодексот се во организација на општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје.

Кандидатите за градоначалници на градот Скопје Кодексот ќе го потпишат во седиштето на Државната изборна комисија.

Слични содржини