Битола нема време за чекање, овие избори се за Битола поинаква, посреќна, поперспективна за сите,  рече кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Наташа  Петровска. 

“Мојот тим сте сите вие, драги Битолчани  посебно задоволство ми е што токму од Битола заедно со сите кандидате за градоначалници ја најавуваме големата победа што живот значи за сите. Промените мора да се случат, но тие не доаѓаат сами по себе, промените се тие што ќе се случат на 15 октомври во првиот изорен круг”, рече Петровска.

Пред Битолчани таа вети  гасификација по примерот на Струмица, нови велосипедскит патеки, реновирање на офицерсиот дом во мултикултурен центар, мултифункционален спортски објект, почист воздух, влезови во градот за кои  како што рече ќе им доликуваат на конзулска Битола, зголемување на капаицтетите и во градинките и во домовите за стари лица. Петровска со ветување и до бизнис секторот, општината ќе биде отворена за соработка.

“Како што сега ве гледам со отворени очи така сакам да ве гледам и по четири години со чисто лице да пијам кафе со вас, за мене чесноста е пред се, во Битола мора да има живот за сите за победа”, рече Петровска пред битолчани.

 

Слични содржини