Кањељас потпиша за ПИК Сегед

од Vladimir Zorba

Бекот на европскиот шампион Вардар, Жоан Кањељас од следната сезона ќе го носи дресот на ПИК Сегед, потврдија официјално од унгарскиот тим.

Триесет и едногодишниот Кањељас потпишал двегодишен договор со ПИК Сегед.

„Среќни сме да соопштиме дека Жоан Кањелас ќе го засили ПИК Сегед од летово“, пишува на официјалната веб-страница на тимот.

За бекот на репрезентацијата на Шпанија ова ќе биде осмиот клуб во кариерата по Грањољерс, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил и Вардар.

Покрај Кањелас, летово од македонскиот ракометен шампион ќе си заминат и Абутовиќ, Марсениќ, Циндриќ, Штербик и Македа, како и тренерот Раул Гонзалез.

Слични содржини