Кањељас за „Марка“: Вардар ни должи пари

од Vladimir Zorba

Ракометарот на Вардар, Жоан Кањељас во изјава за шпанска „Марка“ потврди дека тимот им доцни со плати и дека постојано им велат дека парите ќе ги добијат, но тоа се уште не се случило.

Се очекува Вардар од другата сезона да претрпи промени во играчкиот кадар. Прведводничките на женскиот тим веќе почнаа да го напуштаат тимот, отко за последно Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ објавија дека потпишуваат со ЧСМ Букурешт, а неколку звучни имиња веќе го напуштија и актуелниот европски шампион.

Дека не е се розево во „црвено-црниот“ табор, јавно кажа Жоан Кањељас кој на шпанските медиуми им се пожали дека клубот им должи пари.

– Веќе некое време ни велат дека ќе ни биде исплатено се што ни должат, но тој ден никако да дојде. Му веруваме на претседателот, кој ни рече дека до крајот на овој месец се ќе ни биде исплатено или барам поголемиот дел од тоа што ни го должи, изјави Кањељас за „Марка“.

Кањељас има договор со Вардар до 2019 година, но ни тој самиот незнае дали и следната сезона ќе остане во Скопје.

– Иако тука се чувствувам прекрасно, морам да барам План Б. Што побрзо го направам тоа, толку подобро. Се обидуваме да не размислуваме на тоа, но како што одминува времето, така проблемите се зголемуваат. Моето семејство е тука со мене поради мојата работа. Па ако ако нешто не се исполнува, тогаш нема никаква смисла, вели шпанскиот ракометар за весникот.

Слични содржини