Кание Вест ги избриша сите свои “твитови“ за Доналд Трамп

од Vladimir Zorba

Минатата година контроверзниот рапер Кание Вест предизвика полемика меѓу фановите со признанието дека го поддржува Трамп како претседател и би гласал за него. Неодамна, сепак, стана јасно дека тој ги избришал од својот профил на “Твитер” сите позиции поврзани со републиканецот.

Минатата година во Сан Диего Кание беше жестоко исвиркан, откако ја прекина својата музичка манифестација, за да сподели како “ќе ја преземе функцијата во 2020г и ќе покаже како никој друг досега не знаел како точно треба да се врши претседателската работа”.

Во некратката изјава на сцената тој повеќепати ја спомена и поддршката за Трамп, споредувајќи го со “гениј”. Во декември тој беше лично поканет од новоизбраниот претседател во “Трамп Тауер” да разговараат за “проблемите на малцинствата во Америка”. И не пропушти да се пофали за тоа  на “Твитер”.

Сега, сепак тој ги избришал сите свои “твитови“ на адреса на Трамп и информациите за нивната лична средба. Според извори на таблоидот “Ти Ем Зи” тој одлучил да го преземе овој чекор, бидејќи “не останал импресиониран” од активностите на Трамп во првите негови две недели на власт.

Слични содржини