Кански филмски фестивал: “The Square” ја доби Златната палма

од Vladimir Zorba

Шведската, сатира за светот на уметноста “, “The Square” вечерва ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, златната палма.

Иако ова бучна и весела пародија на тема на политичка коректност беше добро примена кај публиката, дури и режисерот Рубен Остланд беше изненаден од наградата, пренесува АФП.

“О, боже, о Боже!”, извика, по прогласувањето на победникот на престижната награда,  режисерот.

Холивудската актерка Дијан Кругер, по потекло од Германија ја доби наградата за најдобра актерка, а американскиот актер Жоакин Феникс беше прогласен за најдобар актер.

Наградата Дајан Кругер ја доби за улогата во филмот “In The Fade”, во кој игра една мајка која го изгубила своето семејство, во неонацистички напад.

Жоакин Феникс беше прогласен за лауреат за неговата улога во трилерот “You Were Never Really Here”, во кој игра психички пореметен убиец.

Вечерва на Канскиот филмски фестивал, исто така, беше доделена и наградата за најдобар режисер, која ја доби Софија Копола за филмот “The Beguiled”, римејк на драмата за граѓанската војна во 1971 година, пренесува АП.
По повод одбележувањето на 70-годишнината на фестивалот, жирито на Канскиот филмски фестивал на актерката Никол Кидман и додели специјална награда .

Слични содржини