Капсула од вселенска ракета исплива на брегот од Бретања

од desk2

 

На брегот од малиот остров Киминес на северот од Франција во Бретања, испливал дел од, како што изгледа, вселенска ракета.

Амели Гусенс и Етјен Менги, се единствените жители на овој мал остров, а на твитер пуштија фотографија од мистериозниот објект што го нашле на 11 април.

„Го најдовме вчера на брегот на киминес. Го препорзнавате? Морска када? (Зошто не?„ НЛО? Искрено, не знаеме што е но овој објект долг 2,5 метри има натпис од SpaceX“, пишува во твитот.

По твитеот почнаа шпекулации дека тоа е дел од ракета на SpaceX, компанија на Илон Маск која изработува ракети со кои се праќа храна и други потребни работи на Меѓународната всленска станица.

Двајцата кои го нашле објектот го контактирале и Илон Маск и крајбрежната стража.

Некои тврдат дека тоа е носот на Space X Dragon rocket, или дури и CRS-13 mission, лансирана на 15 декември 2017 година.

Слични содржини