Само пред неколку дена британската манекенка Кара Делевин даде интервју за списанието Love Magazine, во кое раскажа за најневообичаените места каде имала секс.3699ACB100000578-3708460-image-a-86_1469526723280

Сега убавицата пак ги изненади своите фанови со изјавата дека е свршена со 33-годишната пејачка St.Vincent. Делевин ги заинтригира новинарите и обожавателите, бидејќи неколку дена не го покажа прстенот со импресивен брилијант кој е на прстот на левата рака. Денес сепак слика со прстенот се појави на страницата на убавицата во Instagram.3699A94400000578-3708460-image-a-84_1469526713929

Новиот украс што Кара носи со гордост, нè тера да претпоставиме дека таа е свршена со својата сакана, чие вистинско име е Ени Кларк. Туристи на Ајфеловата кула тврдат дека виделе како Делевин клекнува на едно колено и прави предлог за брак на девојката St.Vincent. Официјално двојката не ги коментира гласините за свршувачката. 23-годишната Кара започна да се среќава со пејачката пред две години. Таа не ја крие својата бисексуалност.

Слични содржини