Караџовски ги брка медиумите, не сака јавност во Судскиот совет

од Vladimir Zorba

И покрај барањето на екс претседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова јавноста да присуствува на разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите во Судскиот Совет, тоа не беше дозволено, информира а1он.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски рече дека не е основано барањето на Неделкова јавноста да присуствува на разгледување на пригововорите и дека секој кандидат кому не се допаѓа оценката може да поднесе претставка.

На медиумите им беше кажано дека нема да има никакви изјави и да си заминат од објектот од Судскиот совет.
Во Судскиот совет денеска иако беше најавено, не се појави Неделкова, а не дојде ниту Владимир Панчевски кој со вонредното оценување доби оценка за да може да се кандидира и да не испадне од трката.

Неделкова од Судскиот совет бара одговор зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190.
Таа го повика Караџовски доколку судството е транспарентно како што пропагира тогаш не треба да е проблем да присуствуваат и медиумите на седницата на Судскиот совет.

На денешната седница, членовите на Судскиот совет треба да дискутираат и кривичната пријава што судијата Иван Џолев, инаку кандидат за претседател на Кривичниот суд му ја поднесе на досегашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за примање награда за противзаконито влијание, како и за претставката што против Панчевски ја поднесоа 13 судии, кои го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“

Караџовски не смее да ја исклучува јавноста од одлуките што ги носи Судскиот освет, посебно по вонредното оценување во ноември кога тајно на Владимир Панчевски му ја сменија оценката од 3 на 4 за да може да се кандидира повторно за првата позиција на Кривичниот суд.

Судската фела се сомнева дека Караџовски има политичка нарачка да го постави токму Панчевски повторно на позицијата во Кривичниот суд и да ја тргне Неделкова од Врховниот суд./а1он

Слични содржини