Легендата на Ливерпул Џејми Карагер за  триумфот на Лестер во Премиер лигата  велли дека е најголемото достигнување во англискиот фудбал. Во студиото на Sky Sports, поранешниот дефанзивец на Ливерпул изрази восхит од постигнатото од луѓето на Клаудио Раниери, кои ја освоија не само прва титула во историјата на клубот, но и почитта и адмирациите на целиот фудбалски свет.4796361

“Никој од нас не веруваше, но сепак се случи. Несомнено она што направи Лестер е најголемото достигнување во историјата на англискиот фудбал. Едноставно е невидено! Успехот  ќе вдахне вера за секој тим, менаџер, фудбалер или фан дека еден ден тоа може да им  се случи и на нив. Можеме само да гатаме како нивниот триумф може да се одрази на светскиот фудбал и дали ќе успее да го промени, за да можеме да гледаме повеќе слични достигнувања. Пак ќе повторам она што направи Лестер е исклучително, затоа што никој не верувал дека ќе се случи. Да се ​​потсетиме дека коефициентот за тоа беше 5000: 1 “, изјави Карагер

Слични содржини