Карактерите на луѓето се чудна работа! 6 % од Американците подготвени да го поддржат Путин за претседател на САД

од desk3

Според анкетата спроведена од компанијата Fidelum Partners, 6% од граѓаните на САД се подготвени да го поддржат Владимир Путин за претседател на земјата.

638-397-vladimir-putin-rusiia

Ако пак основачот на Мајкрософт Бил Гејтс се издигне со кандидатурата за претседателската функција, 28% од Американците би го поддржале. Исто таква поддршка би добил и кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Со најголема поддршка меѓу предложените на испитаниците кандидати се испоставува Барак Обама: 42% се подготвени повторно да гласаат за него. За кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон би гласале 33% од Американците.

Освен тоа 21% изразиле подготвеност да поддржат актерката Елен Деџенерис, 17% би го дале својот глас за основачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг, истиот процент би гласале за еден од најбогатите луѓе на планетата Ворен Бафет, а 11% за кошаркарот Леброн Џејмс.

Слични содржини