Карантин на инфективна, двајца мртви, болеста се утврдува

од desk2

Инфективната клиника во Скопје од утрово е под карнатин. На Клиниката е прогласен карантин, откако починале двајца пациенти од високо заразно заболување, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Комисија од Министерството за здравство во моментот ги испитува случајот, односно се утврдува за која болест станува збор.

Неофицијалните информации кажуваат дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, и дека болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.

Во моментов цели оддели на Инфективна се празнат, оти лекарите се сомневаат дека цело село е заразено и очекуваат нови пациенти. Според едни извори станува збор за западно нилска треска, односно од вирус кој што го пренесува тигрестиот комарец. Други пак велат дека станува збор за туларемија, болест што ја пренесуваат глувци, глодари, змии и лисици.

Од Министерството за здравство велат дека се уште немаат прецизна и потврдена информација за каков вид заболување станува збор, бидејќи комисијата се уште е на терен./SDK

Слични содржини