Караван на СДСМ и коалицијата денеска е со граѓаните на Кисела Вода, Гази Баба, Старо Нагоричане, Долнени и Македонски Брод

од Vladimir Zorba

Централниот караван на СДСМ и коалицијата денеска е со граѓаните на Кисела Вода, Гази Баба, Старо Нагоричане, Долнени и Македонски Брод.

Во 11.00 часот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на oпштина Кисела Вода, Филип Темелковски, ќе остварат средби со жителите и пазарџиите од населба Драчево (кај пазарот во нас.Драчево).

Во 11:15 часот, во салата во нас.Драчево (кај поранешна последна автобуска станица на бројот 41)  претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на oпштина Кисела Вода, Филип Темелковски ќе имаат отворена дискусија, интерактивна дебата со граѓаните на Драчево.

Попладне, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски ќе бидат со граѓаните на oпштина Гази Баба, каде во 13.00 часот ќе остварат средби со жителите на с.Црешево.

Подоцна, во 15.00 часот, претседателот Заев, ќе биде со жителите на Општина Старо Нагоричане.

Претседателот Заев, ќе оствари средби и со граѓаните на Општина Долнени, во 18:00 часот (кај спортскиот центар с.Ропотово).

Во 20:00 часот, ќе се одржи митинг на СДСМ и коалицијата на плоштадот во Македонски Борд, каде свое обраќање ќе има и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

*Пренос во живо од овој митинг може да се следи на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев (https://www.facebook.com/zaevzoran) и на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk).

Слични содржини