Карперски пушта бесплатна антивирус програма

од Vladimir Zorba

Лабораторијата Касперски официјално објавил бесплатен антивирус Kaspersky Free кој многу наскоро ќе стане достапен во сите земји во светот. Ова го соопшти директорот на компанијата Евгениј Касперски. Производот ќе се шири во светот постепено: во првиот бран ќе излезе во САД, Канада, поголемиот дел од Азискиот Пацифик и Казахстан.

Планирано е до крајот на годината антивирусот да биде достапен во сите земји. Лабораторијата Касперски веќе тестира бесплатна верзија во Белорусија, Данска, Кина, Норвешка, Финска, Шведска, Русија и Украина. Над новиот производ на компанијата работеле над 18 месеци, неговото пуштање на пазарот ќе се совпадне со 20-годишниот јубилеј на Касперски.

Слични содржини