Карпести цртежи стари 8 000 години откриени во јужна Турција

од Vladimir Zorba

zx450y250_1836582

Археолозите пронајдоа карпести цртежи стариа 8 000 години во пештера во округот Мерсин, јужна Турција. За откритието пренесува “Дејли Сабах”.

Откритието, пронајдено во близина на градот Гјулнар, фрла светлина на праисторискиот период во регионот, каде се наоѓала историската област Киликија.

Археолозите веруваат дека пештерата во планинскиот масив Тавр (Торос), каде се откриени примитивните слики, била еден вид вид на светилиште. Камените цртежи прикажуваат фигури кои танцуваат, кои најверојатно ги отслика ритуалите на древните луѓе.

Сегашниот турски медитерански округот Мерсин бил дом на цивилизации како хетите, Асирците и Персијците, пред да стане дел од римската провинција Киликија.

Слични содржини