Карпести цртежи страи 8000 години откриени во јужна Турција

од desk3

Археолозите пронајдоа карпести цртежи стари 8 000 години во пештера во округот Мерсин, јужна Турција. За откритието раскажува “Дејли Сабах”, цитирани од агенциите.

zx450y250_1836582

Откритието, пронајдено во близина на градот Ѓулнар, фрла светлина на праисторискиот период во регионот, каде се наоѓала историската област Киликија.

Археолозите веруваат дека пештерата во планинскиот масив Тавр (Торос), каде се откриени примитивните слики, била вид светилиште. Камените цртежи се со танцувачки фигури, кои најверојатно ги отсликуваат ритуалите на древните луѓе.

Сегашниот турски медитерански округ Мерсин бил дом на цивилизации како Хетите, Асирците и Персијците, пред да стане дел од римската провинција Киликија.

Слични содржини