Касами: Нема да учествуваме во влада со луѓе кои се под истрага на СЈО

од desk3

“Ние нема да учествуваме во влада со луѓе кои се под истрага на СЈО. Ова го кажавме и порано, јас повторувам и сега. СЈО треба ги процесира сите случаи за оние кои се осомничени дека сториле кривични дела “, рече Касами во емисијата Клик Плус.

На средбата што се одржа денес, тој и Зоран Заев не дискутирале дали партијата ќе учествува во владата. Тоа ќе се утврди по составувањето на владината програма.

“Политички барања на партијата ќе се реализираат во рамките на Уставот на Република Македонија. Тие се однесуваат за унапредување на правата на граѓаните. Ова имплицира редефинирање на Македонија”, рече Касами.

 

Слични содржини