Каталноскиот лидер: Нема да се откажеме од своите права

од desk3

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон рече дека тој и неговите приврзаници нама да се откажат од правото на самоопределување. Како што вели ќе учествува на утрешниот референум и покрај противењето на шпанската влада.

“Она што нема да се случи е да се вратиме во куќите и да се откажеме од нашите права…. Владата подготви се за да помине мирно”, рече Пучдемон.

Тој ги повика Каталонците да избегнуваат какво било насилство. Исто така Пучдемон повика и на посредство со Мадрид.

“Покажуваме јасна желба за посредство во било кое сценарио, без оглед дали ќе победи ‘за’ или ‘против’ “, изјави каталонскиот лидер.

Референдумот за незасвисност на Каталонија е закажан за утре, а шпанската влада ги презела сите мерки тоа да се оневозможи, вклучувајќи и апсење, да ги заплени и полициски да ги преземе предвидените гласачки места.

Слични содржини