Катар го губи Мундијалот 2022?

од Vladimir Zorba

Ексклузивен скандал може да експлодира во светскиот фудбал во следните месеци. Катар може да биде лишен од организацијата на СП 2022, а првенството да биде спроведено во САД или Англија. Ова го објави спортскиот министер на Саудиска Арабија, Турки ал-Шеик, кој тврди дека одлуката ќе биде донесена во септември. Се уште нема официјална позиција на ФИФА по прашањето.

Катар ја доби организацијата на светското првенство при гласање во 2010 година, но уште тогаш се појавија сомнежи дека имало корупција и купување гласови од арапската држава.

Во минатата година Бахреин, Египет, ОАЕ и Саудиска Арабија се заканија дека ќе го бојкотираат Мундијалот 2022. Причината според нив е дека Катар го поддржува исламскиот екстремизам и одржува блиски врски со Иран.

Слични содржини