Катарскиот емир подготвен за разговори за да се реши заливската криза

од desk2

Катарскиот емир Шеик Тамим би Хамад ал-Тани во петок изјави дека Катар е подготвен за разговори за решавање на дипломатската криза со претставниците на блокот земји предводени од Сауидска Арабија.


„Отворени сме за дијалог за да се решат проблемите, за тоа сме подготвени додека се почитува суверенитетот на нашата држава“, вели Ал-Тани во своето прво јавно обраќање откако Саудиска Арабија и нејзините сојузници ги прекинаа врските со богатите извозници на енергенти.

Според него решението може да се постигне на два начини: вели дека секоја спогодба „не мора да делува во облик на диктат, туку по пат на заеднички обврски кои ќе ги преземат двете страни“.

„Отворени сме за дијалог за да пронајдеме решени за долготрајните проблеми во рамки на почитувањето на суверенитетот и волјата на секоја држава, како заеднички обврски на сите земји“, вели Ал-Тани.

Тој, во своето прво ображање пред јавноста рече дека животот во Катар се одвива нормално и покрај санкциите.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати од 5 јуни ги прекинаа врските со Катар обвинувајќи го дека поддржува екстремизам и негува врски со нивниот шиитски ривал Иран. Доха тоа го негира.

Слични содржини