Специјалната обвинителка Катица Јанева ги предаде финансискиот и работниот план и чека да и се одобри тимот кој го одбра. Јанева во соопштение до јавноста информира дека Советот на јавни обвинители побарал да му бидат доставени документите за да може да одлучува за предлог Одлуката за избор на јавните обвинители.

katica-janeva

„Во врска со ваквото барање, до Советот на јавни обвинители доставено е Известување дека заклучно со 09.10.2015 година, ќе бидат доставени општиот работен, персонален и финансов план. Воедно изразено е уверување дека Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а  во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот Јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители“, се вели во соопштението на Јанева.

.

Изборот на 14-те обвинители што ги предложи Јанева се очекуваше да биде одржан минатата недела, сепак се одложи со образложение дека СЈО треба да го добие работниот и финансискиот план за тимот на Јанева.

 

Јанева во соопштение до јавноста информира дека утре ќе ги достави и  општиот работен, финансиски и персонален план.

Слични содржини