Актуелната обвинителка од Гевгелија Катица Јанева, како што објавија повеќе портали повикувајќи се на  партиски информации е толку чеканиот специјален обвинител. Таа  ќе ја понесе одговорната задача, заедно со тимот, за кој самата ќе одлучува, да се справи со жешкиот костен: аферата „Пуч“, „бомбите“ , прислушувањето и  се што е во функција на нaдминување на политичката криза.   Договорот  под притсок на амбасадорите, лидерите и преговарачите паднал рано утрово на разденување.

клуб пратеници

Се уште нема официјална потврда, иако дел од преговарачките тимови веќе објавија на своите твитер профили

postignatdogovor

„Постигнат договор, имаме обвинител“, напиша Милошоски

По цели 15 часа тешки разговори, претставниците на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, постигнале договор за законската рамка за работата и функционирањето на Специјалниот јавен обвинител. Паднаа во вода заложбите да се оди со измени на постојниот Закон . Во Собранието ќе се предложи „lex specialis“.

Според договореното, Специјалниот обвинител самиот ќе одлучува за бројот на обвинителите, кои ќе имаат значајна улога во ефикасно расчистување на аферата „Пуч“ и прислушуваните материјали.

Предлог законот уште денеска ќе се најде во Собрание. Во текот на денот се очекува да биде изгласан, да биде отпечатен во Службен весник, потпишан, да влезе во сила, а потоа според него да биде избран Специјалниот обвинител.

Катица Јанева, сега  Специјален обвинител на Македонија , работела како актуелен обвинител во Гевгелија и била особено приципиелна во својата работа која не прифаќала никакви притисоци  и  работење вон законот, велат извори од нејзиното најблиско опкружување за локално.мк

Слични содржини