Специјалното обвинителство и дефинитивно ќе биде сместено во просториите во кои досега работеше Агенцијата за млади и спорт. Зградата е во непосредна близина на центарот на Скопје а освен тимот на Катица Јанева, во објектот нема да има други станари.

Katica-Janeva-specialen-javen-obvinitel-1-Custom-520x297

Министерство за правда:
-„Министерство за правда спроведе постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на јавен оглас за набавка со закуп на недвижна ствар – деловен простор во Општина Центар, во коj ќе биде сместено Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.По спроведената постапка, се изврши избор и се склучи договор за закуп на деловен простор и истиот е лоциран на Франклин Рузвелт бр.34 во Скопје“.

Но иако е избран просторот, засега сепак нема информација дали во истиот може веднаш и да се работи.

Освен простории, специјалната обвинителка деновиве го доби и буџетот кој го бараше за да ги гони делата поврзани и кои произлегуваат од опозициските „бомби“. Но таа не може да почне со својата работа и поради тоа што Советот на јавни обвинители избра само половина од тимот кој таа го предложи, право што и е дадено со Законот со кој се согласија сите партии. Обвинителите кои беа избрани одбија да дадат свечена изјава а сите обиди да и го изберат целиот тим засега не вродија со плод./ извор Алсат

Слични содржини