Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева од денеска почнува со работа

јанева

Таа и нејзиниот тим  обвинители ќе ја истражува одговорноста за скандалот со прислушувањата, но и содржината на прислушуваните разговори. На денот на изборот на петте нови членови, скопскиот Основен суд пресуди бомбите или прислушуваните материјали да не можат да се користат како доказ за истрагата на специјалната обвинителка.

 Иако првично ова обвинителство требаше да брои 14, сепак тимот на Јанева има 12 обвинители, и како што соопштија пред новинарите одлуката била донесена заеднички меѓу неа и Советот на обвинители.

Тимот на Јанева го сочинуваат: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал, како и Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Слични содржини