Брисел разгледува три можни сценарија за Грција по резултатите од референдумот во неделата, пишува весникот “Катимерини”. Прашањето сега е како да се ограничи штетата за еврозоната и да не бидат опфатени со слични проблеми и други држави како Шпаника. Откако денес шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја подотвори малку вратата пред можностите, сега се чекаат и конкретни информации од претстојниот состанок на лидерите на земјите од Еврозоната.

20150707.wbzpmpiezo

Првото сценарио е поврзано со усвојувањето на нова програма за реформи во Грција, која ќе бара и ново дотурање на средства во економијата на земјата. Тоа несомнено е најскапата опција од трите, бидејќи бара покривање на некои дефицити во платниот биланс, враќање на домашното кредитирање и рекапитализација на грчките банки. За да се случи тоа сепак се очекува Атина да понуди структурни промени не само во финансискиот систем, но и во економијата и социјалните плаќања.

Второто сценарио вклучува воведување на паралелна валута во земјата. Предлогот е на германскиот министер за финансии Шојбле. Тоа значи дека во Грција ќе се појави нешто како хибрид во рамките на Еврогрупата. Воведувањето на драхмата паралелно со еврото сепак бара добро подмачкана државна машина и прекрасна техничка подготовка, што едвај постои сега во земјата.

Третото сценарио е контролиран банкрот и излез на Атина од еврозоната. Според извори кои не се откриваат, мнозинството од највлијателните членови на Еврогрупата тежат кон оваа опција, а единствено Франција и Кипар засега се против. Тоа е и најевтиното сценарио за земјите од Еврозоната и за Европската централна банка.

Што ќе се реши, засега е тешко да се прогнозира. Првиот чекор кон некаков развој на ситуацијата сепак сега е поврзан со предлозите кои Алексис Ципрас ќе го однесе денес во Брисел.

Слични содржини