Катица Ќулафкова ја промовираше својата нова книга „Македонски волнени времиња“

од Vladimir Zorba

Вчеравечер во кафе-книжарницата ТРИ во Дебар Маало беше одржана промоцијата на книгата  „Македонски волнени времиња“ од акад. Катица Ќулавкова.

Книгата „Македонски волнени времиња“ претставува избор од интервјуа на акад. Ќулавкова објавувани во разни медиуми во последните 25 години и на различни теми и поводи, кои заедно претставуваат една лична есеизирана и разговорна приказна за историјата на независна Македонија.

Книгата е сведоштво за една скептична свест по однос на причините и методите на ревизиите на идентитетот на современата македонска држава. Таа ја разобличува македонската колективна траума обележана со систематско лишување од радоста на слободното живеење.

Дел од темите и ставовите изнесени во книгата:

  • Мојот идентитет и идентитетот на македонскиот народ не се паралелни светови, напротив.
  • Немам друг избор освен да бидам верна на моите естетски и етички критериуми.
  • Добрата мисла и доброто дело се движечки фактор на историјата.
  • Хуманизацијата е отворен, а не завршен процес.
  • Депресијата стана начин на живеење во Македонија.
  • Оспорувањето е македонска константа.
  • Живеевме неколку децении во привид на стабилизиран идентитет.
  • Кога се релативизира еден идентитет, може да се очекува радикализација до степен на (негова) негација.
  • Укинувањето на граѓанскиот концепт е опачината на негацијата на македонскиот идентитет.

 

Слични содржини