Од 87.128 лица кои теренски беа проверувани, 37.435 лица не биле пронајдени дома, покажуваат податоците од теренската проверка на спорните гласачи на Државната изборна комисија.

Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека избирачкиот список не е прочистен, додека за членовите од ВМРО-ДПМНЕ останува само уште малку работа.

Виолета Дума вели дека прочистени се само починатите лица, а за другите сè уште се врши процена во МВР.

dik-sednica-860x680

– Нашата работа не е целосно завршена. Ако вечер се распушти Собранието, утре МВР ќе мора до ДИК да достави избирачки список. Со кои податоци ќе располага? Со старите, затоа што проверката сè уште не е завршена – рече Дума.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ смета дека ДИК успешно ја завршила работата за да нема спорен ниту еден гласач.

– Предлагам на МВР да му се даде рок од три дена да ги провери спорните гласачи, за што сметам дека може да се заврши. Исто така, предлагам МВР да ги провери и тие 107.453 спорни гласачи за кои се тврди дека се иселеници за да не се манипулира дека не се проверени. Сето тоа многу бргу може да се провери – рече Бонева.

Седницата на ДИК сè уште трае, а расправата е тензична и со постојани дофрлувања и навреди.

ДИК во првиот дел од седницата ги соопштија резултатите од досегашниот тек на административната проверка. Од таму информираа дека добиле соопштение од МВР дека успеале да проверат само 41% од барањата кои се однесуваат на личните карти и само 12,4% од барањата кои се однесуваат на патните исправи.

dik
Првичните резултати од проверката покажуваат дека од Избирачкиот список, според претходно утврдената методологија, треба да избришат 4303 лица како починати, според проверките во Пензискиот фонд и МВР.

Од проверката во Матичната служба треба да се избришат уште 898 лица.

За 3.372 лица државјани на РМ за кои постои сомневање дека се на привремена работа во странство не постои евиденција за што ДИК дополнително ќе бара податоци од МВР.

За 47 спорни записи кои се запишани на повеќе од едно избирачко место ќе се врши дополнителна проверка.
ИТ секторот во ДИК допрва ќе прави анализа и за 2.178 лица за кои постои сомневање дека ги има на две избирачки места.

 

МЕТА

Слични содржини