Веднаш по шокантната одлука на Анџелина, да поднесе барање за развод од Бред Пит, при тоа и да добие полно старателство за нивните деца, нејзиниот адвокат изјави во вторникот (вчера) дека таа сака да стави крај на бракот од 2 години, заради доброто на нивното семејство.
Додека тие двајца делуваа како една од најсреќните двојки во Холивуд, за време на 12-те години поминати заедно, излегува дека нивните размислувања се “судирале”, кога станува збор за воспитување на нивните 6 деца( 15- годишниот Медокс, 12- годишниот Пекс, 11- годишната Захара, 10- годишната Шајло и 8- годишните близнаци Вивиен и Нокс).
Наводно нивните различни родителски вештини, биле жуборот под нивната, на изглед, мирна врска.
Изворите тврдат дека, додека Анџелина работела на нејзиниот последен проект “First they killed my father” во Камбоџа, таа своите деца ги “испуштила од раце”.
“Децата можат да бидат вистински кошмар, освен Медокс. Тој е многу сладок и многу фин. Енџи верува во сè што ќе и кажат нејзините деца. Во нејзините очи, тие се безгрешни. Тие цело време си играат “топло-ладно” со вработените. Навистина е тешко да се справиш со нив, особено затоа што се 6. 11- годишната Захара е онаа што ги поттикнува сите. “ – тврди изворот.
Се верува дека, наводно, една од дадилките, што помагала околу нивните деца, добила отказ затоа што Анџелина мислела дека ѝ се допаѓа Бред.
“На дадилките им е најтешко. Едната беше отпуштена само затоа што едно од децата ѝ кажа на Анџелина, дека таа е “затрескана” во Бред, и тоа беше крајот.” – велат изворите.
Сите вработени и Бред биле загрижени за неа, затоа што таа не јадела ништо друго освен овошје, само еднаш во денот.
“People” пренесува дека двојката често се расправала околу дисциплината на нивните деца, додека Бред бил фокусиран тие да имаат повеќе правила.
“Бред отсекогаш бил построг. Тој сака неговите деца да имаат принципи, некогаш може да се изнервира и да вика на децата. Додека пак Анџелина отсекогаш имала релаксиран став и никогаш не им повишувала тон на своите деца.” – тврди изворот.
Изворите исто така тврдат дека нивните расправии, често доведувале Бред да замине во Франција, каде што се одржа нивната венчавка во 2014-та година.