Поради шарање на улиците и на тротоарите, тројца демонстранти од „Шарената револуција“ во Штип треба да платат казни од 430 евра. Ова на тројцата им било соопштено по информативните разговори на кои беа повикани синоќа во полициската станица во Штип.

stip-2

– Казните се преголеми и немаме намера да ги плаќаме – вели Горан Трајков, неформалниот лидер на штипската „Шарена револуција“.

На распитот сите тројца се бранеле со молчење.

– Распитот почна во 19 часот, завршивме некаде пред 22 часот, сите поединечно, со правен застапник. Сите тројца учесници имавме по две прекршочни пријави од кои секој поединечно треба да плати по 430 евра. Ние се изјаснивме дека нема да ги платиме казните. Сметаме дека се превисоки – тврди Трајков.

Тој додава дека правдата ќе ја бараат на суд.

– Ако се земе предвид дека има луѓе со кривични дела кои се шетат на слобода, мислам дека нашите казни се превисоки – смета Трајков.

Тој и неговите „другари“ велат дека не се откажуваат од барањето правда преку мирен протест и најавуваат учество на следниот протест на „Шарената револуција“ што е закажан за утре./извор Мета

Слични содржини