Ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд

од Vladimir Zorba

– Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ индексот ќе има вредност 5.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната температура од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветери

Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната до 28 степени.

В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.

 

Слични содржини