Ќе дојде ли до војна? Украина остро скокна против Русија, ја обвини ја во спонзорирање на тероризамт!

од Vladimir Zorba

Киев исто така побара од судот да ја натера Москва да плати отштета за соборениот малезиски авион MH17


Украина поднесе тужба во високиот суд на ОН против Русија, обвинувајќи ја за спонзорирање на тероризамот.
“Барањето се однесува за наводното руско прекршување на Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот и Меѓународната конвенција за ликвидација на сите форми на расна дискриминација”, се вели во соопштението на судската институција.

Киев исто така побара од судот да ја натера Москва да плати отштета за соборениот малезиски авион MH17 над источна Украина, како и за тоа дека бомбардира цивили.
Во меѓувреме украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека главната задача на безбедносните структури оваа година е обновата на суверенитетот во Донбас и враќањето на Крим, пренесе ТАСС, цитирана од агенциите.

“Со овие процеси ќе се занимаваат полицајците стражата, судските органи, но први ќе тргнат граничарите. Тоа не се било какви мои пропагандни говори или некоја фикс идеја. Тоа е реалност со која ќе ни треба наскоро да се судриме, и државата се потпира на подготвеноста на граничарите да преземат решителни дејствија и да имаат волја да извршат овој процес “, рече Аваков.

Тој истакна дека тоа не е долгорочна мисија, а задача за најблиску време. Откако ќе се развие план и ќе се дефинираат задачите за две недели ќе треба да се “обезбеди контрола врз државната граница”, рече министерот.

Слични содржини