Ќе има курдска држава! Кога и во кои граници?

од desk3

Курдите се најголемата етничка група која нема сопствена земја. Без сомнение ќе биде таква држава во иднина. Прашањето е кога и во какви граници, и токму за тоа се води спорот – за границите, а не дали ќе има таква држава или не.
Прашањето е поврзано претежно со територијалниот прашање, бидејќи трите држави – Ирак, Иран, Турција и Сирија, стравуваат дека ако референдумот, кој се одржува денес, е успешен, тоа ќе доведе до реакција и во Турција, и во Иран, и во Сирија.

По Втората светска војна, кога меѓународната положба беше доста критична, имаше една држава, создадена на териториите на денешниот Иран – тоа е република Махабад во 1946 година. И лидерот Масуд Барзани е роден токму таму.

Курдскиот лидер Масуд Барзани наведува дека во текот на последните 25 години, како страна во спорот, докажаа дека се сигурен партнер. Турција е земја која извезува нафта од овој дел на Ирак, и тргува со него. Благодарение на Ердоган Ирачки Курдистан е во толку подобра позиција во споредба со остатокот на Ирак. Регионот има изглед на државно формација. Тоа не може да се каже за останатите делови, со оглед на изминатите 25 години лидерот Масуд Барзани е гарант за добрите односи со Турција. Но дали по резултатите од денешниот референдум е се задржи, тоа е друго прашање .

Анкетите покажуваат дека референдумот сигурно ќе биде успешен, но не треба да се заборави дека тоа во директна смисла нема да има однос кон уставот на Ирак.

Слични содржини