Ќе има ли одговорност за исушените скопски палми ?

од Vladimir Zorba
Одговорноста за исушените палми треба да се бара во претпријатијата што се задолжени за нивното одржување, изјави за Фокус, директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски, откако на ѓубриштто во Дрисла завршија 138 скопски палми.
Во Прилеп, Гевгелија и во Дојран  палмите не се замрзнати.
Континенталната клима им овозможила да издржат и  минусни температури до 15 степени под нулата.
– Во случајов не се проблем палмите, туку грижата околу нив, односно човечкиот фактор.  Одговоноста на ЈП „Македонски шуми“ во врска со проектот заврши во моментот кога беа набавени и насадени. ЈП „Македонски шуми“ нема ингиренции за палмите зошто немаме ни надлежност во управувањето со парковите. Нашата обврска беше да ги набавиме по одлуката на Владата, да ги засадиме, а таа обврска заврши со денот откако тие беа засадени и почнаа да виреат. Откако беше потврдено дека сме обезбедиле здрав семенски материјал, одговорноста за палмите премина во надлежност на локалните претпријатија“, изјави  Караџовски.

Македонски шуми, по барање на Владата набави 1.100 палми за околу половина милион евра. Наместо да се бара одговорност за пропаднатиот проект во кој изгореа неколку илјади евра (една палма чини 500 евра), јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ кое беше задолжено за одржувањето на скопските егзотични дрвја, најавува нов експеримент – сега на местото на смрзнатите палми ќе саделе јавори./ЗВВ

Слични содржини